Јапонија на Украина ќе и испорача опрема за заштита од хемиско оружје

Од:

Јапонија ќе испрати во Украина гас-маски и соодветна облека за заштита од хемиско оружје, соопшти денеска јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши.

Испораката е на барање на властите во Киев кои стравуваат дека Русија во своите воени активности во Украина би можела да употреби и хемиско оружје.

„Продолжуваме да даваме колку што е можно поголема помош за украинската Влада“, рече Киши додавајќи дека Јапонија дополнително ќе испрати и извидувачки беспилотни летала за потребите на украинската одбрана.

Јапонија претходно за Украина испрати заштитни елеци, шлемови и зимска облека.

Како дел од санкциите воведени кон Москва од денеска во Јапонија стапува на сила забраната за забраната за увоз на 38 производи од Русија, вклучително и вотка и производи од дрво.

Забраната се однесува само на еден процент од увозот од Русија, објави јапонската новинска агенција „Кјодо“.

Токио во моментов соработува со Западот на воведување построги санкции.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

АБС: Се бара наследник на Зеленски

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев