Јапонија ќе размести ракети „Патриот“ на островот Окинава

Од:

Јапонија денеска соопшти дека за постојано ќе размести ракети „Патриот“ на јужниот остров Окинава, за да го засили својот противракетен штит, имајќи ја предвид напрегнатоста со Северна Кореја, пренесоа француските медиуми.

Јапонскиот министер за одбрана, Ицунори Онодера, посочи дека ракетите ќе бидат инсталирани во две воени бази на островот при првата можност во текот на април.

Досега министерството предвидуваше трајното разместување на ракетите да се изврши до март 2015-та година, но одлучи тоа да го стори многу порано, за да ги заштити животот и имотот на населението од балистички ракети, подвлече Онодера на пресконференција во Токио.

 

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила