Јапонија ќе ја уништи севернокорејската ракета ако е неопходно

Од:

Министерството за одбрана на Јапонија им нареди на силите за самоодбрана да ја уништат ракетата, што Северна Кореја планира да ја истрела, ако таа и се закани на јапонската територија, пренесоа француските медиуми.

Јапонија во готовност стави ракети земја-воздух „Патриот“ на островот Окинава и распореди три брода со ракетни системи „Иџис“ и ракети-пресретнувачи „СМ-3“.

Министерот за одбрана Сатоши Маримото ги дал неопходните инструкции за уништување на ракетата или на нејзините делови, ако се појави опасност да паднат на јапонска територија, рече владиниот портпарол.

Северна Кореја го заврши инсталирањето на лансирната рампа на ракетата, што се очекува во периодот меѓу 10 и 22 декември да изведе во орбитата сателит за набљудување на Земјата.

Меѓународната заедница се сомнева дека всушност целта е да се испроба балистичка ракета.

Нови сателитски снимки покажуваат дека силните снежни врнежи може да ги забават подготовките за истрелувањето на ракетата, соопштија американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови