Јапонија ја потврди смртта на тројца свои државјани во вчерашниот терористички напад во Тунис, пренесе ТАСС, повикувајќи се на изјавата на премиерот Шиндѕо Абе.
Абе информира и за тројца ранети Јапонци во нападот и изрази сочуство на семејствата на жртвите.
Непосредно пред тоа, јапонскиот министер за надворешни работи, Фумио Кишида, ја потврди смртта на еден јапонски државјанин. Тој, исто така, информира за тројцата ранети.
Претходно премиерот на Тунис, Хабиб Есиб, зборуваше за петмина убиени Јапонци во нападот.
Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, и Советот за безбедност на светската организација, во одделни изјави, остро го осудија терористичкиот напад. Советот за безбендост изрази увереност дека нападот нема да го оттргне Тунис од неговиот пат кон демократрија.