Јапонија изрази поддршка за одлучноста на САД за борба против ширењето хемиско оружје, изјави јапонскиот премир Шинѕо Абе.
– Ја разбираме акцијата на САД како средсртво за спречување натамошно влошување на ситуацијата, изјави Абе.
Тој додаде дека Јапонија високо ја оценува одлучноста на админстрацијата на американскиот претседател за зачувување на глобалниот ред во моментот кога според Абе, се засилува заканата од оружје за масовно уништуавње во Источна Азија.
– Многу невини жртви имаше во хемискиот напад. Меѓународната заедница беше шокирана од трагедијата во која меѓу жртвите имаше и многу деца, изјави Абе.