Јапонија ја обвини Кина за „играње со радарите“

Од:

Јапонските власти ја обвинија Кина дека нејзини воени бродови ја предизвикале блокадата на јапонските фрагати и радарските системи на јапонските хеликоптери, пренесува агенцијата Анадолија.

Министерот за одбрана на Јапонија Итсунари Онодера изјави дека во два наврата, односно на 19 и на 30 јануари, кинеските воени бродови се „играа со радарите“.

Според тврдењата на јапонски официјални претставници, наведените настани се случиле во Источно Кинеско море каде се наоѓаат и спорните острови заради кои не се намалува тензијата меѓу Јапонија и Кина.

Министерот Онодера истакна дека „е многу опасно и сериозно тоа што го прават кинеските бродови“.

Спорните острови во Кина се нарекуваат Диаоју, додека во Јапонија се познати како Сенкаку, а двете држави полагаат право врз суверентитот на островите.

Би можело да ве интересира

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила