Јапонија и САД потпишаа договор за обезбедување резерви за ретки минерали

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп и јапонскиот премиер Санае Такаичи потпишаа рамковен договор за обезбедување резерви на ретки земни минерали, соопшти Белата куќа.

Договорот беше потпишан за време на посетата на Трамп на Јапонија, дел од патувањето во Азија насочено кон зајакнување на синџирите на снабдување со материјали критични за обновливата енергија, електрониката и автомобилската индустрија, објави Ројтерс.

Според соопштението на Белата куќа, САД и Јапонија планираат заеднички да инвестираат и да користат економски инструменти за развој на диверзифициран и фер пазар за ретки земни минерали. Трамп ќе се сретне и со кинескиот претседател Си Џинпинг за време на неговата посета на Азија.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека јапонскиот премиер Такаичи ќе го номинира Трамп за Нобелова награда за мир по нивниот состанок во Токио.

„За толку кратко време, светот почна да ужива во повеќе мир“, изјави Такаичи за новинарите, објави Танјуг.

За време на состанокот, Трамп му рече на Такаичи дека САД и Јапонија ќе имаат „фантастичен однос“.

„Отсекогаш сум имал големо почитување кон Јапонија и ова ќе биде однос посилен од кога било“, рече американскиот претседател.

На средбата во палатата Акасака, на Трамп му беше подарена палка за голф што му припаѓаше на покојниот премиер Шинзо Абе, симболичен потсетник на личното пријателство меѓу двајцата лидери, објавија медиумите.

Аналитичарите велат дека Такаичи, која беше близок соработник на Абе, се стреми да ги обнови односите со Вашингтон и да ја зајакне сопствената политичка позиција.

За време на работниот ручек, на Трамп и неговата делегација им беа послужени американски ориз и говедско месо подготвени со јапонски состојки, додека Такаичи презентираше мапа на јапонските инвестиции во Соединетите Држави.

Двајцата лидери разговараа за завршување на војната во Украина и заедничките напори за обезбедување ретки минерали.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот премиер ги игнорира повиците на Мерц поради Трамп

ВИДЕО: Трамп тврди дека Америка го победила Иран

Катерина Ѓуровски

Блументал: Изгледа ќе испраќаме копнени трупи во Иран

Трамп: „Ако Иран ме убие, еве што ќе се случи со таа земја“

Револуционерна гарда тврди: Во тек е голем напад врз американските бази и Петтата флота

Ливит: Цените на нафтата и гасот ќе паднат кога ќе се постигнат сите воени цели против Иран

Горан Наумовски