Јапонија и Австралија потпишаа договор за соработка во одбраната

Од:

Јапонија и Австралија денеска потпишаа договор за соработка во одбраната, како последен чекор во зајакнувањето на меѓусебната безбедност поради зголемувањето на воената и економската моќ на Кина.

Јапонскиот премиер Фумио Кишида и неговиот австралиски колега Скот Морисон на денешниот виртуелен самит се согласија дека двете земји треба да ја зајакнат соработката во области како што се кибер, вселенска и економска безбедност, изјави јапонски претставник.

Потпишаниот Договор за меѓусебен пристап (РАА), на кој двете земји работат неколку години, им овозможува на австралиските и јапонските армии да соработуваат во одбранбените и хуманитарните операции.

Австралија соработува со Јапонија, Индија, САД и Велика Британија во зајакнувањето на одбранбените врски поради загриженоста за Кина, особено поради нејзиното влијание врз Тајван, слободната пловидба во регионот и трговските спорови.

Единствениот воен договор што Јапонија го има досега е оној со САД, договор за статусот на силите, кој датира од 1960 година и ѝ дозволува на американската војска да ги стационира своите воени бродови, борбени авиони и илјадници војници во и околу Јапонија.

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Кјодо: Најмалку 47 лица повредени во судир на два туристички автобуси

Јапонски осуденик на смрт ослободен по 46 години

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски