Борбен авион Ф-35, распореден во базата Мисава во североисточниот дел на Јапонија, исчезна од радарите за време на обука над Пацификот, соопштија јапонските воздухопловни сили за самоодбрана.
Авионот, кој летал со уште три други од брегот на префектурата Аомори, околу 135 километри источно од базата, изгубил контакт со радарот околу 19,27 часот по локално време.
Со исчезнатиот авион не може да се воспостави радио-комуникација и во тек е операција за лоцирање.
Во воздухопловната база Мисава има 13 борбени авиони Ф-35А