Компанијата „Јаху“ соопшти дека американската Влада и се заканила дека ќе и воведе казна од 250 илјади долари на ден, доколку не ги исполни барањата за усогласување на нејзината работа со закондавството за проширување на следењето на податоци, кое го спроведуваат властите.
Деталите од тајната судска битка на интернет гигантот против шпионирањето, кои ги спроведува Владата на САД беа обелоденети, откако федерален судија нареди од некои од судските материјали да биде остранета ознака за тајност.
„Јаху“ истакна дека Владата предложила измени во законот, со цел да може да бара информации за корисници на компаниите што нудат интернет услуги, со што беше предизвикан правен спор во 2007 година.