Јагланд: Буџетот на СЕ треба да е од земјите-членки, а не од „богатиот вујко“ од ЕУ

Од:

Во својот последен настап пред Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) пред изборот на неговиот наследник во јуни, генералниот секретар Торбјорн Јагланд се соочи со неколку прашања поврзани со буџетската криза на организацијата, предизвикана од неплаќање на придонесите од страна на Руската Федерација речиси две години, јави дописникот на МИА.

Тој ги отфрли сугестиите дека има остварливи алтернативи на планот за финансиски непредвидени ситуации, кои треба да стапат во сила во текот на годината, како и да се побара од Европската Унија паричен придонес или заем од банка.

Јагланд посочи дека иако ЕУ може да финансира конкретни проекти, на пример, во Украина, таа не е ниту „богат вујко“ ниту автоматска машина за дистрибуција на пари, туку буџетот на ПССЕ треба да биде финансиран само од пари на земјите-членки на Советот на Европа. Што се однесува до земањето на заем, тој рече дека ниту една банка да даде кредит без да знае колку пари ќе бидат позајмени и за колкав временски период.

Одговарајќи на прашањето за последиците од напуштањето на Советот на Европа од Русија, Јагланд истакна дека така наречениот „Русксит“ ќе создаде поинаква Европа со линии за поделба меѓу Русија, чиишто 140 милиони граѓани ќе бидат лишени од пристап до Европскиот суд за човекови права, и остатокот од континентот.

Запрашан за совет што би му го дал на неговиот наследник Јагланд одговори дека има три предлози.

Прво, треба да се заштитат и да се зачуваат постојните „придобивки“ на Советот, вклучувајќи ја и Европската конвенција за човекови права, Социјалната повелба и многуте конвенции. Второ, Европскиот суд за човекови права треба да биде заштитен. И трето, „придобивките“ треба да се прошират, како одговор на новите предизвици со кои се соочува Европа, вклучувајќи ја Вештачката интелигенција и модерното ропство, наведе Јагланд.

Би можело да ве интересира

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ