Јацењук: Украина бара пари од ЕУ, а од Русија – примирје

Од:

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук побара од Европската унија итна финансиска помош, а од рускиот претседател Владимир Путин побара да го почитува примирјето на исток во Украина.

– Русија сака да ја уништи Украина, Украина е воено поле, рече Јацењук по првиот состанок на Советот ЕУ-Украина во Брисел.

Тој состанок е резултат на ратификацијата на Договорот за асоцијација со ЕУ во украинскиот парламент. Откажувањето на прорускиот претседател Виктор Јанукович од тој договор пред една година предизвика протести во Киев и потоа вооружен бунт и симнување од власт на Јанукович.

– Владата ќе направи се што е во нејзина моќ, но потребна ни е помош да ја стабилизираме украинската економија, помош да го стабилизираме финансискиот и фискалниот сектор и да го надминеме овој комплициран историски период, нагласи Јацењук.

ЕУ веќе и исплати на Украина 1,6 милијарди евра заем со два макроекономски програми помош, а планира уште но од Украина бара реформи.

Конференцијата на инвеститори треба да се одржи во почетокот на идната година. Јацењук рече дека Украина загубила „поради руската агресија“ 140 отсто од своето индустриско производство и оти БДП е намален 7 отсто.

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица