Jaцењук: Членството во НАТО засега не е на дневниот ред на Украина

Од:

Членството во НАТО засега не е на дневниот ред на Украина, изјави украинскиот премиер Арсениј Јацењук по средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, цитиран од ТАСС.

Според него, меѓутоа, претседателот и премиерот на Украина споделуваат единствена позиција дека треба да заврши вонблоковскиот статус на земјата.

Јацењук, исто така, информира дека доколку на референдум за членство во НАТО, на кој, според него, е необходно да се стави ова прашање, украинскиот народ го поддржи приклучувањето кон Алијансата, тоа на Киев ќе му овозможи не само да моли за членство во него, туку и тоа да го побара.

Според украинскиот премиер, за членство во Алијансата ќе бидат потребни и реформи во областа на безбедноста, политиката, економијата и правосудството, за да може со нив да се исполнат стандардите на северноатлантскиот пакт.

Столтенберг, од своја страна, изјави дека земјите од НАТО на билатерална основа и ја даваат поддршката на Украина. Според него, суверена и стабилна Украина, со презеемните обврски за демократија и владеењето на законот, е клучен елемент од евроатлантската безбедност.

НАТО ја обвини Русија дека нејзини воени авиони ја изложуваат на опасност комерцијалната авијација во Балтичкиот регион. Тоа се случи откако Шведска изрази протест заради рускиот авион што, според неа, прелетал преблиску до патнички авион и бил со исклучен транспондер, пренесоа британските медиуми.

Според Столтенберг, не станува збор само за тоа дека има зголемување на бројот на овој тип летови, туку и за начинот на кој тие се изведуваат.

-Не ни даваат никави планови за нивните летови и не комуницираат со цивилните контролори на летови, и не ги вклучуваат своите транспондери, рече тој.

„Тоа претставува ризик за цивилниот воздушен сообраќај. Важно е НАТО да зачува својата будност и да ги пресретнува руските летови“, додаде Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата