Ја претворивте целата ваша територија во легитимна цел, порака за Украина од Иран

Од:

Шефот на парламентарниот комитет на Иран за национална безбедност и надворешна политика, Ебрахим Азизи, ѝ рече на Украина дека тие станале легитимна воена цел за Иран.

Од почетокот на војната меѓу Соединетите Американски Држави и Израел со Иран, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, постојано нудеше помош, особено во одбраната од иранските беспилотни летала „Шахед“, во кои тие имаат искуство со соборување.

Зеленски претходно објави дека експерти од Киев ќе патуваат на Блискиот Исток за да им помогнат на сојузниците, а судејќи според тврдењата на иранскиот пратеник, Украина веќе се приклучи на американско-израелската војна.

Во својата објава на социјалните мрежи, Азизи рече дека со поддршката на израелскиот режим, Украина се претворила во легитимна цел.

„Со обезбедување поддршка со беспилотни летала на израелскиот режим, пропаднатата Украина стана активен учесник во војната и, според член 51 од Повелбата на Обединетите нации, ја претвори целата своја територија во легитимна цел за Иран“, напиша Азизи на X.

Како одговор, украинското Министерство за надворешни работи ја нарече заканата „апсурдна“ во соопштение.

Би можело да ве интересира

Големите сили го запреа планот за употреба на сила против Иран

Ројтерс: Војната со Иран ја зајакнува позицијата на Техеран на Блискиот Исток

Скриената моќ на Техеран: Главните воени капацитети се недопрени

Нетанјаху: Денес ги нападнавме иранските петрохемиски фабрики, ќе продолжиме со нападите

Судбината на Сирски во рацете на Зеленски: Или ќе добие отказ, или ќе има истрага за Донбас

Путконен: „Режимот во Киев е како рането животно во агонија“