Извршниот директор на „Тик-Ток“ поднесе оставка

Од:

Извршниот директор на „Тик-Ток“, Кевин Мејер поднесе оставка, а привремено ќе биде заменет од извршната директорка Ванеса Папас.

Ова се случува неколку дена откако „Тик-Ток“ ја тужеше Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за одлуката за оневозможување на работењето на оваа популарна апликација во САД.

– Последниве неколку недели се случија драстични промени на политичката сцена и откако анализирав какви структурни промени компанијата би требало да претрпи, и што тоа значи за нејзината глобална улога, решив, со тешко срце, да го напуштам тоа, образложи Мејер.

Апликацијата, која е во сопственост на кинеската интернет компанија „Бајт-Денс“, доби налог од Белата куќа да го продаде својот американски удел до средината на септември. Претседателот Доналд Трамп и други официјални претставници на Белата куќа во неколку наврати рекоа дека „Тик-Ток“ претставува закана за националната безбедност на САД заради кинеската сопственост.

Трамп потпиша извршна наредба на 6 август којашто би го забранила Тик-Ток доколку Бајт-Денс не го продаде американскиот удел во рок од 45 дена. Една недела подоцна, на компанијата ѝ беа дадени 90 дена за да склучи таков договор.

Потезите на Белата куќа ги принудија Бајт-Денс и Тик-Ток да побараат купувач. Мајкрософт, Оракл и други понудувачи разговараат за потенцијален договор, а цената се движи од 20 до 50 милијарди долари. Сепак, според Тик-Ток, договор за толку кратко време е малку веројатно да се случи.

Потоа во понеделникот, следеше тужбата против Администрацијата на Трамп. Компанијата ги обвинува американските власти за оневозможување редовна постапка за продажба со присилување преку извршна наредба.

Би можело да ве интересира

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

ВИДЕО: Невремето предизвика поплави, две девојки скокнаа во водата за да се снимаат за ТикТок

Предраг Петровиќ

Канаѓаните се предупредени: Не користете TikTok

Горан Наумовски

Бајден го потпиша законот: ТикТок има една година да најде нов сопственик или ќе биде целосно забранет во Америка

Најгледано видео на ТикТок во 2023 година

Предраг Петровиќ

Полицијата уапси познат тиктокер за семејно насилство: Осомничен е дека ја нападнал својата партнерка