Извршителот на нападот со автомобил во Германија во 2020 година е осуден на доживотен затвор

Од:

Лицето кое пред година и пол со автомобил удри во пешаци во германскиот град Трир денеска е осуден на доживотен затвор, јави ДПА.

Пет лица загинаа кога 52-годишниот сторител со својот џип мина низ пешачка зона на 1 декември 2020 година. Меѓу жртвите имаше и двомесечно бебе и неговиот татко.

Напаѓачот е обвинет по пет обвиненија за убиство со умисла и 18 точки за убиство во обид.

Регионалниот суд во Трир нареди тој да биде сместен во психијатриска болница со високо обезбедување.

Според психијатрискиот извештај, мажот боледувал од параноична шизофренија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Во Германија формирана голема коалиција

Тела на маж и жена најдени во резервоар за ѓубриво на фарма во Германија

А1он