Известувачот на ПССЕ ја повика Русија да и ги врати на Полска остатоците од авионот на полскиот претседател

Од:

Питер Омцигт (Холандија, ЕПП/ДХ), известувач на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за „Несреќата на полскиот авион Ту-154М што ја носеше делегацијата на полската држава на 10 април 2010 година на територијата на Руската Федерација“, ја повика Русија да и ги врати на Полскам без дополнително одложување остатоците од рушењето на авионот на полскиот претседател.

– Правата на Русија како членка на Советот на Европа неодамна беа обновени. Сега мора да ги исполни своите обврски. Собранието јасно стави до знаење дека Русија има законска обврска да и ги врати на Полска остатоците од полскиот авион, повеќе од девет години по несреќата во која загинаа 96 лица, вклучувајќи го и полскиот претседател и многу високи полски функционери. Неприфатливо е руските власти сè уште да не одговорат на повикот на Собранието, рече известувачот.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Рекордни количества плин купуваат европските земји од Русија

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Европа размислува да испрати 100.000 војници во Украина

Шолц: Европа ќе помогне во обновата на Сирија

Европските сили ветија безбедносни гаранции за Украина пред враќањето на Трамп на власт

Горан Наумовски