Одборот за разузнавачки активности на Сенатот, денеска ќе објави извештај за тортурите и техниките кои ги спроведувала ЦИА, при испрашување на осомничените за тероризам.
Од Белата куќа соопштија дека поради тоа е зголемена безбедноста во сите американски објекти ширум светот.
Покрај амбасадите и останатите места, воведени се мерки за претпазливост поради индиции од зголемен ризик, изјави портпаролот.
Според наводите се очекува во извештајот на 480 страници да бидат изнесени детали од кампањата која ја спровела ЦИА против терористичката организација Ал Каеда, по нападот на САД кој се случи на 9-ти септември 2001 година.
Извор за Ројтерс кој имал увид во докуметот вели дека во извештајот ќе се најдат графикони со детали за сексуални закани на осомничените и слични техники, но и како е сослушан високиот оперативец на Ал Каеда, Абдел Рахман ал Нашири, осомничен за планирање на бомбардирање на УСС Кола, брод на американската морнарица во пристаништето Аден во Јемен.
Како што пренесе Ројтерс повикувајќи се на зборови на својот извор оперативци на ЦИА му се заканувале со дупчалка, но сепак како што се наведува таа не била употребена..
За потсетување претседателот Барак Обама ја сопре програмата за сослушување која ја спроведуваше ЦИА во 2009 година, кога стапи на должност. Тој тогаш објави дека методите кои биле користени за испрашување на затворениците на АЛ Каеда содржат елементи на тортура.
За време на претседателскиот мандат на Џорџ Буш младиот, операциите на ЦИА против Ал Каеда подразбирале и приведување на повеќе од 100 осомничени за тероризам во таканаречени „црни места“, тајни затвори ширум светот од кои дел се наоѓаат и во Европа.
Е. Г.