Извештај на ЦИА: Хавана синдромот не го предизвикала Русија

Од:

Повеќето случаи на таканаречениот „Хавана синдром“ може да се објаснат со еколошки причини, недијагностицирани здравствени состојби или стрес, а не со дејствија преземени од странска сила, соопшти денеска весникот „Њујорк Тајмс“, цитирајќи претставници на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).

Повеќето од 1.000 случаи на „Хавана синдромот“, што ги испитаа американските истражители се објаснети и покажуваат дека мистериозната болест веројатно нема да биде предизвикана од Русија или друг странски противник, изјавија за весникот претставници на ЦИА, опишувајќи ги привремените наоди.

Весникот јавува и дека ЦИА ја продолжува истрагата за повеќе од дваесет необјаснети случаи, односно за наводната мистериозна болест што ги погодила американските дипломати, официјални лица и членови на нивните семејства во странство – во Виена, Париз, Женева и Хавана.

„Покрај овие случаи, уште еден значаен број останува необјаснет“, ја цитира „Њујорк Тајмс“ анализата на службеникот на ЦИА.

Синдромот првпат го привлече вниманието на јавноста во 2016 година, откако десетици дипломати во Амбасадата на САД во Хавана се пожалија на мигрена, гадење, слаба меморија и вртоглавица.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЦИА го предупредила Бајден во 2022 година дека Русија може да употреби нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Поранешен службеник на ЦИА осуден на 40 години затвор

Горан Наумовски

ЦИА и Мосад разговараат за можни решенија за Газа

Катерина Ѓуровски

Поранешен агент на ЦИА сексуално злоставувал и дрогирал 20 жени

Горан Наумовски

ЦИА и МИ6: Не го потценувајте Путин, а со Кина развивајте добри односи

Предраг Петровиќ

Барнс: Путин е врвниот апостол на одмаздата, тој сè уште бара одмазда против Пригожин