Израелските сили убија двајца Палестинци на Западниот Брег

Од:

Израелските сили денеска убија двајца Палестинци и ранија други двајца на северниот дел од окупираниот Западен Брег.

„Израелските сили убија двајца Палестинци на контролниот пункт Хувара близу Наблус, додека ранети се други двајца“, објави официјалната палестинска телевизија.

Во соопштението се додава дека жртвите се Рамзи Зубарах и Имад Абу Рашид, пионери на цивилната одбрана во национална, организациска и социјална акција, од кампот Аскар, источно од Наблус.

Очевидци за Анадолија тврдат дека рано изутринава, израелската војска отворила оган на палестинско возило близу воениот пункт Хувара, јужно од Наблус.

Израелската војска соопшти дека „од автомобил е пукано на воена локација во близина на градот Наблус“.

„Силите на израелската војска кои спроведуваа проактивни активнисти во тоа подрачје забележале две сомнителни возила во областа и ги застрелале“, се наведува во соопштението.

Од почетокот на 2022 година во областите на окупираниот Западен Брег забележани се ескалација и забрзано темпо на операции на израелските сили.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Макрон: Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

Израел е подготвен да се согласи на договор за ослободување на сите заложници

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

(ВИДЕО) Нов израелски напад на Газа, има загинати, меѓу нив и деца