Израелскиот претседател го отфрли барањето за одложување за формирање влада

Од:

Израелскиот претседател Рувен Ривлин го отфрли барањето на лидерот на партијата Сино и Бело, Бени Ганц, да го одложи формирањето на новата коалициска влада за две недели, што значи дека Ганц и премиерот Бенјамин Нетанјаху имаат рок до полноќ да постигнат договор.

Доколку не успеат да го сторат тоа, во Израел ќе бидат распишани нови избори, четврти за една година.

Ганц побара од Ривлин одложување, наведувајќи дека е близу до договор со Нетанјаху, но Ривлин го одби барањето со образложение дека тоа не е можно во тековните околности.

Во март, Ганц доби мандат да формира влада, откако повеќето пратеници се изјаснија за негова поддршка за премиер, меѓутоа тој рече дека наместо тоа ќе се обиде да формира „вонредна“ влада со партијата Ликуд на Нетанјаху за да се справи со пандемијата на коронавирусот.

Кабинетот на Ривлин соопшти дека одлуката е донесена по разговорите со Нетанјаху и дека премиерот не посочил дека договорот е постигнат. 

Би можело да ве интересира

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимката од ликвидацијата на лидерот на Хезболах во Бејрут

Израел не се откажал од ракетирање на иранските нуклеарни постројки

Американците нападнаа

ВИДЕО: Израел е вампирски режим, а САД бесно куче во регионот рече врховниот лидер на Иран

(ВИДЕО) 18 мртви во израелски напад на Западниот брег: Ова е масакр

Катерина Ѓуровски