Израелски војници убија Палестинец близу Витлеем

Од:

Палестински тинејџер беше убиен од израелски војници во близина на градот Витлеем на Западниот брег во текот на ноќта.

Џихад ал Џафари (19) бил активист на движењето Фатах на палестинскиот претседател Махмуд Абас. Бил застрелан од изралески војници во срцето за време на немири во бегалски камп.

Портпаролка на израелската армија наведе дека војници кои спроведувале акција во реонот на Витлеем биле нападнати со камења и Молотови коктели. Еден војник бил повреден. Откако неуспешно се обиделе да ги растераат демонстрантите во кампот, израелските војници отвориле оган.

Би можело да ве интересира

Израел го разгледува предлогот на Хамас за прекин на огнот

(ВИДЕО) Терористички напад во трговски центар во Израел: Застрелани двајца млади, напаѓачот е убиен

ВИДЕО: Ултраортодоксните Евреи фрлаа камења кон автомобилот на израелски министер

Илјадници граѓани на улиците на Израел бараат нови избори и враќање на заложниците

Горан Наумовски

ОН го обвинија Израел за „систематски напади“ врз болниците

Вашингтон пост: Од почетокот на војната, САД му дадоа на Израел 6,5 милијарди долари помош

Горан Наумовски