Најмалку четири израелски војници се повредени во експлозија за време на операција во северниот дел на границата со Либан, соопшти денеска канцеларијата на портпаролот на армијата.
Војниците, меѓу кои има и тешко повредени, се пренесени во болница и оперирани, а еден од нив се наоѓа на интензивна нега.
Според израелските медиуми израелската армија редовно патролира долж границата со Либан, по војната против герилците на шиитски Хезболах во 2006 година.
Либанските медиуми информираа за две експлозии во регионот Накура по што следела пукотница.