Израелски беспилотен авион уништи база на исламистите на Синајскиот полуостров

Од:

Израелски беспилотен авион истрела ракета во северниот дел на Синајскиот полуостров, разурнувајќи носач на ракети и убивајќи петмина осомничени исламистички борци, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на извори од египетските служби за безбедност.

Според изворите на информацијата, нападот бил координиран со египетските власти.

Израелската армија соопшти дека го истражува извештајот за случајот. Египетската армија и силите за безбедност одамна водат борби со исламистичките борци на Синајскиот полуостров.

Во четвртокот Израел за кусо време затвори свој аеродром во близина на границата со полуостровот, откако египетски претставници предупредија за можен ракетен напад од страна на исламистите.

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски