Израелски авиони нападнале цели на сириско-либанската граница

Од:

Израелски воени авиони синоќа нападнаа цели на сириско-либанската граница, изјави еден неименуван западен дипломат и три регионални безбедносни извори.

Тие за израелските медиуми тврдат дека цел на нападот бил воен конвој во Сирија во близина на либанската граница.

Веста за нападот уследи по неколку часа откако либанската армија соопшти дека израелски авиони навлеге во либанскиот воздушен простор.

Израелските медиуми наведуваат дека неименуваните извори изразиле загриженост за судбината на сириското хемиско и конвенционално оружје по речиси двегодишната граѓанска војна. Израел стравува дека до оружјето можат да го земат екстремистите, посебно герилците на либански Хезболах.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски