Сириските противвоздушни сили синоќа собориле неколку ракети истрелани од израелски авиони во близина на древниот град Палмира.
Сириската државна телевизија јави за нападот, но не наведе детали.
Сириската Опсерваторија за човекови права, соопшти дека мета на израелските авиони биле ирански борци и борци поддржани од Иран во пустината, што се наоѓа во близина на Палмира.
Според опсерваторијата со седиште во Лондон, израелските авиони надлетувале и над соседен Либан.
Иран го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад и испрати повеќе илјадници луѓе кои се борат заедно со сириские војници во судирите, што траат веќе девета година во Сирија.