Израелската војска ја урна куќата на Палестинецот обвинет за убиство

Од:

Израелската војска ја урна куќата на Палестинецот Зиад Авад, уапсен овој месец за убиство на еден полициски офицер во април, соопшти воениот портпарол Петер Лернер.

Тој рече дека уривањето е метод на заплашување, а израелски медиуми наведуваат дека Авад е припадник на Хамас и оти е пуштен од израелскиот затвор во 2011 година, во рамки на размената на палестински затвореници за киднапираниот израелски војник Гилад Шалит.

– Извршувањето на наредбата за уривање на служи да се заплаши и да пренесе сериозно предупредување на терористите и нивните соучесници дека нивните акции ќе сносат сериозни последици, рече портпаролот.

Во понеделникот израелскиот Висок суд ја одби жалбата на израелската организација за човекови права на одлуката на армијата да се урне куќата во селото Идна, во близина на Хеброн на Западниот брег.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници