Израелската војска изведе серија воздушни напади врз Појасот Газа

Од:

Израелски борбени авиони гранатираа неколку позиции во Газа, вклучувајќи го и воениот комплекс на военото крило на Хамас, Бригадата „Иџедин ал-Касам“.

Засега не се потврдени жртви, а некои куќи се оштетени во израелскиот напад, јави Анадолија.

Авичај Адреј, портпарол на израелските вооружени сили, потврди дека израелските борбени авиони гаѓале неколку позиции во Газа, вклучувајќи го и воениот комплекс на военото крило на Хамас, Бригадата „Изџедин ал-Касам“.

Според очевидци, најмалку два воздушни напади зафатиле одредени позиции на бригадата Изџедин ал-Касам во југоисточна Газа.

Израелската војска и во понеделникот бомбардираше одредени позиции на Хамас во блокираниот Појас Газа.

Израелската армија на својот профил на Твитер соопшти дека некои набљудувачки точки, кои припаѓаат на движењето Хамас, се погодени од артилериски оган. Во соопштението се наведува дека нападот е извршен како одговор на пуштањето запаливи балони од Газа кои предизвикуваат пожари во Израел.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел силно го напаѓа Бејрут „Ова е најтешко досега“

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Маж се самозапали за време на протест

Предраг Петровиќ

Нетанјаху го нарече срамотен повикот на Макрон за ембарго за оружје на Израел

ВИДЕО: Се појави снимка како Иран го подготвувал нападот против Израел

Предраг Петровиќ

Израел конечно призна: Иран ги уништи нашите бази

Предраг Петровиќ