Израелската Влада го одобри предлогот за референдум за мир

Од:

Израелската Влада денеска го одобри предлог-законот кој предвидува секој мировен договор со Палестинците да се изнесе на референдум, соопшти кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Секој договор кој би можел да се постигне во преговорите ќе биде ставен на референдум, се наведува во соопштението, со објаснување дека е важно за таква историска одлука граѓаните директно да гласаат, бидејќи со тоа се одредува иднината на земјата.

Во заклучовите на Владата се наведува дека одобрувањето на предлогот се смета важно и итно, поради што ќе побара од

Парламентот што побрзо да го стави на дневен ред. Израелската Влада, исто така одобри прорепубликанецот Рон Дермер (42) да биде именуван за нов израелски амбасадор во Вашингтон. Дермер е роден во САД и се смета за близок на ривалите на американскиот претседател Барак Обама.

Би можело да ве интересира

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ