Израелската армија урна куќи на осомничени палестински напаѓачи во Западен Брег

Од:

Израелската армија денеска урна куќи на двајца палестински напаѓачи осомничени за убиство на чувар во еврејската населба Ариел во окупираниот Западен Брег.

Вјачеслав Голев беше убиен на влезот на еврејската населба на 29 април, а одговорноста за нападот ја презеде палестинската екстремистичка група Хамас. Армијата подоцна ги уапси осомничените напаѓачи, а денеска соопшти дека им ги демолира куќите во селото Карават Бани Хасан. При уривањето армијата се соочила со насилен протест на Палестинците кои фрлале запаливи бомби и палеле автомобилски гуми.

Според израелските медиуми во протестите учествувале стотици Палестинци, но нема повредени војници.

Палестинските медиуми објавија дека куќата на Јахја Мареи била урната со експлозив, а на Јусеф Самих Аси со булдожери.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел