Израелската армија тврди дека се убиени високи ирански разузнавачки службеници

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес потврдија дека неколку високи ирански разузнавачки службеници се убиени во првичните израелски напади врз Иран.

– Меѓу нив беше и Сејед Јахја Хамиди, заменик-министерот за разузнавање на Иран задолжен за Израел, кој, според Израелските одбранбени сили, насочувал терористички напади врз Евреите, Западот и другите противници на иранскиот режим во странство, се вели во соопштението на ИДФ, објавено во „Тајмс оф Израел“.

Исто така, беше потврдено дека Џалал Пур Хосеин, раководител на одделот за шпионажа во иранското Министерство за разузнавање, е убиен, како и неколку други високи функционери вклучени во спроведување терористички активности низ целиот свет и одговорни за репресијата врз иранскиот народ.

Се верува дека воздушните напади врз иранското Министерство за разузнавање и атентатот врз високи функционери од тоа министерство му нанесоа тежок удар на режимот во способноста на Техеран да извршува терористички и други напади врз противниците на иранскиот режим.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) велат дека иранското Министерство за разузнавање, кое е под санкции на САД, е „централно разузнавачко тело на иранскиот терористички режим“ кое поседува најнапредни капацитети и работи под директна надлежност на Врховниот лидер.

„За време на војната во Газа, пронајдени се документи што ги разоткриваат напорите на иранското Министерство за разузнавање да воспостави заедничка разузнавачка оперативна ќелија со Хезболах, Хамас и Корпусот на револуционерна гарда на Иран“, се вели во соопштението на ИДФ, додавајќи дека оперативците на министерството обезбедиле разузнавачки информации што се користат за насилно задушување на протестите во Иран.

Би можело да ве интересира

Пентагон: Над 750 американски војници се ранети во операциите против Иран

Израел не одобри распоредување на меѓународни сили во Газа

Арагчи: „Економскиот Д-ден“ на Трамп ќе заврши со нов пораз за САД

Трамп најавува најразорна економска операција против Иран

ВИДЕО: „Најразорна економска операција“, најави Трамп за Иран и за земјите кои му помагаат

Трамп го присвои Ормутскиот Теснец како американска територија, Иранците одговорија со промена на мапата на САД

Предраг Петровиќ