Израелската армија поради безбедносни причини го затвори аеродромот Ејлат

Од:

Израелската армија денеска го затвори аеродромот Ејлат, кој се наоѓа во близина на Синајскиот Полуосторв поради безбедносни причини.

– По безбедносната оценка израелската армија нареди да прекинат сите летови од аеродромот Ејлат, изјави портпаролката на армијата, без да наведе повеќе детали.

Аеродромот ги опслужува туристите кои го посетуваат израелското летувалиште Ејлат на Црвено Море. Затворањето е поради стравувањето од активирање на исламистичките екстремисти во соседен Синај.

Израелските власти минатиот месец соопштија дека е засилена ракетната одбрана на јужната граница со цел да се спречат непријателските напади.

Во јули ракета истрелана од Синај падна на израелска територија, а делови од неа беа откриени северно од Ејлат, кој граничи со Египет на запад и со Јордан на исток.

Насилствата во Синај се интензивираа по 3 јули откако египетската армија го собори претседателот Мохамед Морси, а нападите врз египетските сили речиси се секојдневни.

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски