Израелската армија истражува инцидент од фотографија, каде палестинско дете е на мета на снајпер

Од:

Израелската армија започна истрага на свој војник, кој објавил фотографија преку Инстаграм, каде се гледа глава на палестинско дете која е мета на снајпер.

Фотографијата објавена од 20-годишниот војник Мор Островски предизвика бурни реакции откако беше споделена на другите социјални мрежи.

На неа се гледа младо момче со грбот свртено кон снајперот на пушката, а целната точка на мерната линија е сосема блиску до неговата глава. Оружјето е насочено преку прозорец кон место кое наликува на палестински кварт или село.

– Оваа слика не одговора ниту на вредностите, ниту на етичкиот кодекс на израелските вооружени сили. Претпоставените на војникот се информирани и случајот ќе биде истражен, вети израелската армија.

Извори од безбедносните сили изјавиле дека војникот тврдел дека фотографијата не била направена од него.

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски