Израелската армија го бомбардираше домот на лидерот на Хамас

Од:

Израелското Воено воздухопловство го бомбардираше домот на лидерот на Хамас во Појасот Газа, Исмаил Ханија, кој се наоѓа во бегалскиот камп „Шати“ во источниот дел на оваа палестинска енклава.

– Израелскиот непријател двапати ни го бомбардира домот, изјави Абед Салам Ханија, син на лидерот на Хамас.

Израел продолжува со бомбардирањата и артилерискиот оган врз целиот Појас Газа, при што само во текот на измината ноќ загинаа 17 лица, меѓу кои четири деца.

Осум деца и две возрасни лица вчера се убиени во бегалскиот камп „Шати“.

Двете страни се обвинуваат меѓусебно за одговорноста на оваа крвава драма.

Според палестински сведоци, израелски авиони-ловци Ф-16 истрелале ракети врз групата деца. Израелската војска, пак, тврди дека тие по грешка биле погодени од заскитани ракети истрелани од Газа.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници