Израелска армија: Напаѓач уби тројца Израелци во близина на границата со Јордан

Од:

Вооружен напаѓач денеска уби тројца израелски цивили во близина на граничниот премин Аленби мост со Јордан пред да биде застрелан од безбедносните сили, соопштија израелските власти.

„Терорист со камион од Јордан се приближи до областа на мостот Аленби, излезе од камионот и отвори оган врз израелските безбедносни сили на мостот“, соопшти израелската војска.

„Безбедносните сили го елиминираа терористот, а тројца израелски цивили беа прогласени за мртви како резултат на нападот“, се вели во соопштението.

Граничниот премин е познат и како мост крал Хусеин.

Се наоѓа на половина пат помеѓу Аман и Ерусалим.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел