Израелска армија: Болницата беше погодена со ракета на палестинскиот Исламски џихад

Од:

Одбранбените сили на Израел соопштија дека врз основа на „разузнавачки податоци, неуспешната ракета на палестинскиот Исламски џихад (ПИЈ) предизвикала смртоносна експлозија во болница во Газа“.

Во соопштението, се вели дека „од анализа на оперативните системи на ИД, непријателски ракетен оган бил насочен кон Израел, кој поминал во близина на болницата и ја погодил“.

„Според разузнавачките податоци, од неколку извори што ги имаме, палестинската организација Исламски џихад е одговорна за неуспешниот ракетен истрел што ја погоди болницата“, известија израелските власти.

Според израелските информации, се работи за грешка при лансирање на ракета кон Израел, во која била погодена арапската баптистичка болница Ал Ахли.

За потсетување, Палестинците тврдат дека во болницата загинале најмалку 500 луѓе и дека се работи за израелски напад.

Би можело да ве интересира

Тројца Палестинци загинаа во воздушен напад

Хамас го прифати предлогот за продолжување на преговорите за прекин на огнот

САД предлагаат продолжување на прекинот на огнот во Газа до април

Израел го прекина снабдувањето со електрична енергија во Газа за да го зголеми притисокот врз Хамас

Палестинските власти тврдат: Повеќе од 12.000 жени се убиени во Газа за 519 дена, тие треба да бидат заштитени

Газа: Најмалку шест бебиња починаа од смрзнување