Израелците објавија снимка која можеби е клучот за истрагата за гранатираната болница во Газа

Од:

Израелското Министерство за надворешни работи објави, како што тврди, пресретнат разговор меѓу двајца оперативци на Хамас. Досега израелската и палестинската страна меѓусебно се обвинуваат за овој ракетен напад, а светските претставници бараат темелна истрага. Во овој повик, според Израел, оперативците на Хамас разговараат за тоа како болницата Ал Ахли ал Араби била погодена од ракета истрелана од Газа.

-Ви велам, ова е прв пат да видиме ваков проектил и затоа сметаме дека му припаѓа на палестинскиот исламистички џихад. – вели првиот глас во снимениот разговор.

– Дали ни припаѓа? – праша друг глас од снимката.

– Се чини дека е така. – одговара првиот глас.

– Боже, не можеше ли да најде друго место да експлодира?! – прашува зачудено друг глас од снимката.

– Ја застрелаа од гробиштата зад болницата. Ракетата погрешно испука и отскокна. – објаснува првиот глас.

Ова видео не претставува официјален доказ против членовите на Хамас и беше објавено од Министерството за надворешни работи на Израел.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас