Израел започна „ограничени“ копнени операции во јужен Либан

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека започнаа „ограничени и насочени копнени операции против клучните упоришта на Хезболах“ во јужен Либан. Информацијата беше објавена во соопштение на социјалната мрежа Телеграм.

ИДФ соопшти дека на влегувањето на трупите во јужен Либан му претходеле напади „против бројни терористички цели“ во областа. Операцијата, велат тие, има за цел „зајакнување на напредната одбранбена зона“ и „демонтирање на терористичката инфраструктура“ во регионот.

ИДФ соопшти дека ќе продолжи да „дејствува решително“ против Хезболах.

Би можело да ве интересира

Аракчи: Нападите на САД и Израел врз нуклеарните постројки би можеле да го изложат регионот на зрачење

Иран: Најмалку петмина убиени во израелски напади врз петрохемиски постројки

ИДФ: Еден војник убиен, друг тешко повреден во пријателски оган во јужен Либан

(ВИДЕО) Иран: Петмина загинаа во напади врз петрохемиска фабрика

Четиригодишно девојче е убиено во израелски воздушен напад врз Либан

(ВИДЕО) Израел тврди дека погоди повеќе од 120 цели во Иран