Израел возврати на артилерискиот оган на Сирија

Од:

Израелски војници возвратија со артилериски оган кој доаѓаше од територијата на Сирија, во регионот на Голанската висорамнина која е под окупација на Израел, соопшти армијата на Израел.

Артилериски проектили и оган од лесно пешадиско оружје од Сирија ја погодија висорамнината.

-Мета беа израелските војници. Но, никој не е ранет, ниту пак има штета – стои во соопштението.

Министерот за одбрана на Израел, Моше Јалон предупреди дека Израел ќе возврати на секој напад на својата територија.

Од почетокот на војната пред две години, состојбата е напната на висорамнината, на југот на Сирија, но до сега немаше некои поголеми воени судири.

Израелските официјални лица сметаат дека проектилите се последица од судирите помеѓу сиријската војска и бунтовниците кои се водат во близина на границата.

Израел се уште е во воена состојба со Сирија, од која во шестдневната војна 1967 година присвои околу 1.200 квадратни километри стратешко место на Голанската висорамнина и таа територија ја анектираше, бидејќи меѓународната заедница никогаш не ја призна.

Под контрола на Сирија останаа околу 510 квадратни километри на Голанската висорамнина, а силите на ОН веќе четириесет години се распоредени помеѓу двете држави и го набљудуваат прекинот на огнот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски