Израел: Убиено момче, поради одмазда за тројцата тинејџери?

Од:

Палестински тинејџер од источен Ерусалим е киднапиран и убиен , а постои сомневање дека станува збор за одмазда за неодамнешното убиство на тројца израелски тинејџери, пренесуваат агенциите.

Како што пренесе „Франс прес“, очевидци потврдиле дека виделе како некој го турка момчето во автомобил, кое во тој момент било на пат во една населба во источен Ерусалим.

Телото на тинејџерот, за кој се претпоставува дека имал 16 години, неколку часа подоцна било пронајдено на друг крај од градот, поради што постои сомнеж дека се работи за одмазда.

Инаку во понеделник на подрачјето на Хеброн, беа пронајдени телата на тројцата израелски тинејџери кои беа киднапирани на 12-ти јуни.

Израелската полиција соопшти дека ги истражува наводите за киднапирање на палестинското момче и потврди дека пронашла едно тело, но не наведе дали настаните се поврзани.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници