Израел уби Либанци кои се обидoa да ја преминат границата

Од:

Војската на Израел соопшти дека убила четири лица кои се обиделе да ја преминат оградата што се граничи со Либан и да постават експлозивна направа. Во соопштението на израелската армија не е прецизирано каде се случил инцидентот.

Тешко вооружената група Хезболах, поддржана од Иран, речиси секојдневно разменува оган со израелските сили долж границата, во најсериозната ескалација на граничниот конфликт од големата војна пред 17 години. Израелската армија, исто така, соопшти дека добила дојава за пукање кон градот Метула, без да даде дополнителни детали.

Безбедносен извор во Либан извести за размена на оган преку границата кај Метула. Телевизијата Ал Манар на Хезболах објави за силно израелско гранатирање на либанска територија преку границата од Метула.

Од нападите на Хамас врз Израел и контранападот на израелската армија врз Газа, инцидентите се секојдневна појава долж границата меѓу Израел и Либан, што ја подгрева загриженоста за натамошна ескалација. Хезболах, кој е обучен и финансиран од Исламската Република Иран, се смета за многу помоќен од Хамас. Според последните проценки на израелската армија, таа располага со арсенал од повеќе од 100.000 ракети.

Би можело да ве интересира

Израел: Убиени се повеќе од 500 терористички оперативци во Либан за девет месеци

ВИДЕО: Израел нареди евакуација од хуманитарната зона

(ВИДЕО) Три лица загинаа, а 87 се ранети во големите израелски напади во градот Ходеида

ВИДЕО: Голема експлозија по напад со дрон во Тел Авив, една жртва и 10 се повредени

ЦИА: Лидерот на Хамас Јахја Синвар е под притисок да прифати договор со Израел

Хамас се повлекува од преговорите за примирје во Газа