Израел уапси стотици Палестинци кои наводно биле поврзани со Хамас

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека од почетокот на војната во Газа на 7 октомври, уапсиле 670 барани Палестинци низ Западниот Брег, вклучително и повеќе од 450 лица кои имале поврзаност со Хамас.

Во текот на ноќта се уапсени 68 членови на Хамас, соопшти израелската армија, објави „Тајмс оф Израел“.

Во текот на ноќта, војниците ја демолираа куќата на членот на Хамас, Махер Шалун, во бегалскиот камп Акабат Џабр, кој е обвинет за убиство на американско-израелскиот државјанин Елан Ганелес на автопатот Рута 90 во февруари.

Во изминатите две недели имаше неколку судири меѓу силите на ИДФ и Палестинците на Западниот Брег и неколку обиди за терористички напади, соопшти израелската војска.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека израелските сили и еврејските доселеници убиле најмалку 84 Палестинци на Западниот Брег од 7 октомври.

Би можело да ве интересира

Израел го прекина снабдувањето со електрична енергија во Газа за да го зголеми притисокот врз Хамас

Палестинските власти тврдат: Повеќе од 12.000 жени се убиени во Газа за 519 дена, тие треба да бидат заштитени

Газа: Најмалку шест бебиња починаа од смрзнување

Светска банка: За реконструкцијата на Газа се потреба од повеќе од 50 милијарди долари

Медиуми: Хамас е подготвен да ја предаде контролата врз Појасот Газа на палестинските власти

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа