Израел уапси петгодишен Палестинец

Од:

Израелска организација за човекови права ја обвини синоќа армијата дека противзаконски уапсила 5-годишен Палестинец кој фрлил камен врз автомобил во Хеброн на Западниот брег.

Видео снимката на органзиацијата Б’Тселем го прикажува детето додека на улица во Хеброн плаче опкружено со војници и потоа со постар Палестинец влегува во воено возило. Подоцна војниците го предале таткото и детето на палестинската полиција која ги ослободила по давањето изјава.

Извесно време, вооружените војници го држеле детето со заврзани раце и со превез преку очите.

Детето во изјава за телевизија признало дека фрлило камен објаснувајќи дека сакало да удри куче, но погодило автомобил. Израелската армија соопшти дека детето со фрлањето камен загрозило минувачи.

Би можело да ве интересира

Ал Џезира: Израелски воени бродови го гранатираа брегот на градот Газа

Хамас најавува ослободување на следната група заложници во сабота

Горан Наумовски

Ердоган: Мора да се спроведат сите фази од договорот Израел-Хамас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ