Израел тврди дека е убиен командантот на военото крило на палестинското исламистичко движење Хамас, Мохамед Деиф, изјавил анонимен израелски владин претставник.
Претходно е соопштено за тројца загинати при израелски воздушен напад во градот Газа во текот на ноќта со цел да се ликвидира Деиф, познат и под името Абу Халед.
Меѓу убиените се една жена и две годишно девојче, а според медиумите тоа се сопругата и ќерката на Даиф.
Лидерот на „Бригадите Изедин ал Касам“ е прв на израелскиот список со цели поради организирање на антиизраелски напади.
– Мохамед Деиф заслужува смрт како и Осама бин Ладен.
– Тој е легитимна цел и кога постои можност за тоа, таа треба да се искористи за да биде ликвидиран, истакна израелскиот министер за внатрешни работи Гидеон Саар, кој додаде дека не знае дали лидерот на военото крило на Хамас загинал при воздушниот напад во Газа.