Израел тајно го следел сириското оружје

Од:

Израел се впуштил во „тајна војна“ со цел да му влезе во трага на сириското хемиско и биолошко оружје, пишува весникот „Сандеј тајмс“.

Во рамки на операцијата Израел испратил набљудувачи преку границата за да ги следат движењата на сириското неконвенционално оружје.

– Прекуграничните операции се дел од тајната војна да се влезе во трага на сириското неконвенционално оружје и да се саботира неговиот натамошен развој, додава весникот.

Израелски извор за „Сандеј тајмс“ изјави дека израелските власти со години знаеле за точната локација на сириското хемиско и биолошко оружје, но изминатата недела добиле знаци дека муницијата е преместена на нова локација.

За биолошкото и хемиското оружје во Сирија прв пат се говореше во ’80-те години на минатиот век, но резервите од таквото оружје станаа клучни во момент кога се стравува дека режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад би можел да го употреби против бунтовниците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Палестинците го слават враќањето на затворениците: „Не малтретираа пред да не ослободат“

Катерина Ѓуровски

Израелската влада објави фотографии од средбата на заложничките со нивните мајки

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Крај на агонијата во Газа, почна историското примирје

Катерина Ѓуровски

Шест клучни работи што треба да се знаат откако стапи примирјето во газа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Палестинците го слават примирјето и се враќаат во домовите

Катерина Ѓуровски