Израелските воздухопловни сили денес попладне над Средоземното море срушија беспилотно летало кое дошло од правецот на Либан.
Се претпоставува дека леталото е испратено од Хезболах, но таа моќна шиитска организација, неколку часа по инцидентот ја негираше претпоставката.
Леталото е забележано околу 13 часот по локално време, поради што авионот од видот на F-16 и хеликоптери полетаа да го пресретнат.
Во исто време над северен Израел во воен хеликоптер беше и израелскиот премиер Бењамин Нетанијаху.
Хеликоптерот со премиерот се спушти на земјата, откако пилотите беа информирани за беспилотното летало, кое се движеше кон југ покрај крајбражјето на Средоземно море.
Армијата прецизираше дека леталото е срушено околу 14 часот на пет наутички милји од крајбрежјето на Хаифе.
Израелската морнарица ги бара остатоците во Медитеранот за да открие дали леталото беше вооружено или не. Хеболах пак негира дека пратил беспилотно летало кон окупирана Палестина.
На прашањето дали Хезболах стои зад инцидентот, кој направи вистинска мала драма на север на Израел, воен портпарол изјави дека истрагата е во тек.
Нетанјаху по повод денешниот инцидент истакна дека Израел е подготвен да се спротивстави на секоја закана од Сирија и Либан во воздух, на копно или море.
Тој додаде дека обидот да се влезе на израелска територија го смета за сериозен и дека Израел ќе продолжи да го прави она што мора за да ги заштити своите граѓани.
Според израелскиот министер за одбрана Дани Данон, повеќе од јасно е дека Хезболах стои зад инцидентот.
Елена Георгиевска