Израелската армија денеска соопшти дека спречила обид на милитантната група Хамас да ги хакира телефоните на војниците.
Изминатите месеци мобилните телефони на десетина војници се „заразени“. Армијата на време ја откри измамата и спречи какви било тајни да стигнат до исламистичката група, изјави израелскиот полковник Џонатан Конрикус.
Тој додаде дека Хамас се обидувал да собере разузнавачки информации.
Израелската армија заедно со безбедносната агенција Шин Бет го спречи обидот на Хамас откако војниците пријавиле сомнителни обиди за стапување во контакт со нив на социјалните мрежи. Припадници на Хамас се претставувале како млади, атрактивни жени на социјалните мрежи и убедувале да се преземе софтвер заразен со вирус.
Тоа, наводно, е трет таков обид на Хамас во последните 3,5 години.