Израел собори беспилотно летало

Од:

Израелската војска собори беспилотно летело кое го повреди воздушниот простор на земјата.

Портпаролот на војската изјави дека леталото е соборено утринава, но не сакаше да открие од кој правец доаѓало. Израел на југ се граничи со Египет, а на исток со Јордан.

Израелското радио јави дека станува збор за летало кое собира податоци и дека војската знаела дека му се приближува на Израел и одлучила да го собори во израелскиот воздушен простор.

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак и честиташе на војската.

„Овој инцидент го сметаме за обид да се повреди израелскиот воздушен простор“, наведе Барак во соопштението.

Би можело да ве интересира

Најмалку 42 лица загинаа во израелските напади врз Газа во последните 24 часа

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел