Израел синоќа спроведе тајна операција за спасување на 19 Евреи од Јемен.
Како што објавија израелските медиуми, спасените во акцијата се меѓу последните преживеани припадници на една од најстарите еврејски заедници во светот.
Со оваа акција завршува „историската мисија“ за преселување на јеменските Евреи во Израел, која започна во 1949 година.
Во Јемен се уште живеат околу 50 Евреи, од кои 40 се наоѓаат во главниот град Сана.