Израел се согласи за продолжување на примирјето

Од:

Израел се согласи да го продолжи за уште четири часа, до полноќ по локално време (21 часот по средноевропско време), хуманитарното примирје во Појасот Газа, јавија израелски медиуми.

Не е познато дали Хамас се согласил на продолжување на 12-часовното примирје, кое истече во 17 часот по средноевропско време.

Претходно, палестински медицински извори соопштија дека бројот на жртвите во израелската офанзива во Газа се искачи на илјада. Во текот на денот, додека траеше привременото примирје, од под урнатините ширум Појасот Газа извлечени се најмалку сто тела.

Во израелската офанзива повредени се приближно 6.000 луѓе.

Во исто време израелската команда соопшти дека тројца војници загинале минатата ноќ, пред да стапи во сила привременото примирје. Со тоа бројот на жртви на израелска страна се искачи на 40, од кои израелски војници, двајца израелски цивили и еден државјанин на Тајланд.

УНИЦЕФ вчера соопшти дека во Газа загинале најмалку 192 деца.

Би можело да ве интересира

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Израел ослободи Палестинци од затвор: Им ставија исти маици и напишаа една реченица

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Рубио: Кревок е прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас

Израел ослободи 183 палестински затвореници

Саудискиот принц му пишa на Трамп за Газа: Палестинците не се илегални имигранти, тоа е нивна земја